Централна кооперативна банка 2016 година ја заврши со 1,2 милиони денари добивка

23

centralna-kooperativna-banka

Централна кооперативна банка минатата 2016 година ја заврши со добивка од 1.261.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, банката работеше со 48.305.000 денари загуба.

“Во текот на 2016 година, банката забележува подобрување на финансискиот резултат споредено со минатата година. Подобрувањето во најголем дел се должи на напорите на банката насочени кон континуирано зголемување на кредитното портфолио, зголемување на обемот на операции, диверзификација на изворите на средства за финансирање, одржување максимално висок квалитет на кредитното портфолио и успешното менаџирање на висината на каматните стапки“, стои во Освртот кон работењето на Централна кооперативна банка.

Нето приходите од камата на крајот на 2016 година имаа ниво од 232.735.000 денари, додека една година претходно изнесуваа 219.623.000 денари.

Подобрената кредитна активности и севкупниот зголемен обем на работа во платниот промет во земјата и во странство, како што се наведува, доведоа до пораст на позицијата нето приходи од провизии и надоместоци и нивно надминување за 36,62% во однос на претходната 2015 година.