Централна кооперативна банка прокнижи добивка од 6,2 милиони денари за девет месеци

123

Централна кооперативна банка, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа добивка во висина од 6.283.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, банката прикажа загуба од 7.658.000 денари.

“Банката во овој период забележува подобрување на резултатите во повеќе сегменти од работењето. Во однос на крајот на минатата година, порастот на кредитното портфолио од 8,86% овозможи зголемување на приходите од камати за 6,21%. Зголемените приходи од камати остварија позитивен нето ефект, гледано преку порастот на нето приходите од камати од 6,27%“, стои во Осврт кон работењето на банката.

Нето приходите од камати заклучно со 30-ти септември изнесуваат 187.579.000 денари, додека истиот период лани беше на ниво од 176.517.000 денари.

Нето приходите од провизии и надоместоци на крајот на септември беа на ниво од 65.338.000 денари.