Централна кооперативна банка прокнижи добивка од 9,8 милиони денари

30

Централна кооперативна банка минатата 2019-та година ја заокружи со добивка од 9.838.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, добивката на банката беше на ниво од 10.997.000 денари.

“Банката ја заврши 2019 година со нето добивка од 9,8 милиони денари и успеа да оствари позитивен финансиски резултат за 6,9% повисок од планираниот за годината“, стои во Коментарот на неревидираниот биланс на успех.

Нето приходите од камата, заклучно 31-ви декември, достигнаа 278.548.000 денари.

“Банката успеа да оствари пораст на нето каматниот приход за 2,1% и реализација на планираниот од 96,1%“, стои подолу во Коментарот.

Фото: Pixabay