Централната банка на Русија најави проект за дигитална рубља

22

Централната банка на Русија планира да лансира дигитални рубљи до 2023 година и да ги прошири можностите за користење на платежната картичка Мир. Според планот, дигиталните рубљи треба да бидат готови до следната година. Како што соопштија од Централната банка на Русија, првите трансакции во дигитална валута треба да се извршат веќе следната година, пренесува Kapital.ba.

Концептот на дигитална валута беше претставен од Банката на Русија во 2020 година, а платниот систем Мир во 2015 година.