Централните банки ширум светот ги зголемуваат каматните стапки: Најголем скок во последните 15 години

52

Банката на Англија ги зголеми каматните стапки во Велика Британија на 2,25%, што е највисоко во последните 14 години.

Оваа одлука на централната банка доаѓа еден ден откако американската ФЕД ги зголеми каматните стапки на 3,25 отсто.

Претходно денеска и швајцарската централна банка ја зголеми референтната каматна стапка за 0,75 процентни поени, што е само второ зголемување во претходните 15 години. Со ова швајцарската банка им се придружи на другите централни банки кои се обидуваат да го запрат растот на цените со заострување на монетарната политика.

Швајцарската централна банка соопшти дека не може да ја исклучи можноста за понатамошни зголемувања над три четвртини од процентниот поен пораст за да се обезбеди стабилност на цените на среден рок. Со денешната одлука, референтната каматна стапка од минус 0,25 отсто, која беше утврдена во јуни, отиде на плус 0,5, со цел да се ограничи инфлацијата која во август достигна 3,5 отсто.

Инфлацијата во 19-те земји кои го користат еврото достигна рекордни 9,1 отсто во август

Европската централна банка зголеми три клучни каматни стапки претходно овој месец за три четвртини од процентен поен (по 0,75 отсто), што е најголем пораст досега за 19-те земји кои го користат еврото.

Основната каматна стапка во Швајцарија со години е на минус 0,75 отсто, додека централната банка се обидуваше да го спречи зајакнувањето на швајцарскиот франк.

Неодамнешната апрецијација на франкот во однос на еврото, на пример, доведе до тоа многу швајцарски потрошувачи да ја преминуваат границата и да купуваат бензин и други производи за широка потрошувачка во соседните земји како Франција или Германија, кои се релативно поевтини таму.