TSMC објави рекорден профит од над 18 милијарди долари

83

Тајванскиот производител на чипови TSMC објави рекорден профит за вториот квартал од годината, пренесоа светските агенции. Приходите на најголемата светска компанија за полупроводници изнесуваат 18,16 милијарди долари, што претставува зголемување од 43,5% на годишно ниво.

Нето добивката за најважниот снабдувач на чипови на Apple беше 7,9 милијарди долари, што е раст од 76,4% на годишно ниво.

Извршниот директор на TSMC, Cи Cи Веи, прецизираше дека дел од капиталните расходи на компанијата ќе бидат одложени до 2023 година. Како причина тој ги наведе „поголемите предизвици со синџирот на снабдување“.

Наспроти ова, производителот на чипови Intel Corp почна да ги информира клиентите дека ќе ги зголеми цените за многу од неговите компоненти поради зголемените трошоци. Тоа е потег што компанијата првпат го навести во првиот квартал од годината.

Зголемувањето на цените би можело да стапи на сила наесен, а процентуалните зголемувања веројатно ќе се движат од едноцифрени зголемувања до 10% и 20% во некои случаи.