Црна Гора: 1,5 милијарди евра надвор од официјалните парични текови

30

Според проценките, во текот на минатата година околу 1,5 милијарди евра во Црна Гора биле надвор од официјалните парични текови, што е 35% од вредноста на бруто домашниот производ, пренесува Investitor.me.

Тоа, како што се наведува, укажува на изразениот проблем на сивата економија, иако властите постојано водат борба против тој феномен.

Проблемот е евидентиран и на пазарот на труд, па податоците покажуваат дека меѓу 25 и 30 илјади работници работат на црно. Тоа значи дека нивната заработка не е евидентирана, па не се плаќаат даноци и придонеси.

Проценките покажуваат дека во туризмот се губат околу 300 милиони евра, додека затајувањето на ДДВ, според податоците на тамошната Даночна управа, се движи од 120 до 150 милиони евра годишно.

Фото: Pexels