Црна Гора: 372 невработени во евиденција подолго од 20 години

9

Во евиденцијата на невработени во црногорскиот Завод за вработување подолго од 20 години се наоѓаат 372 лица, од кои 145 се жени, пренесуваат тамошните медиуми.

“Некои луѓе по 30 години чекаат на евиденција во заводот и стекнуваат години за пензија. Од што ќе живеат овие луѓе во староста?“, вели Марина Медојевиќ, економистка по професија, која тврди дека три децении залудно се пријавува во заводот и смета дека државата треба да воведе материјален надоместок за оние кои со години се невработени.

Според нејзе, до пред пандемијата излегувале надвор од границите, работеле неколку месеци или години и така го прехранувале семејството.

“Многу од нив работат во таканаречената сива зона. Државата мора како мерка за ублажување на сиромаштијата  да овозможат вработување на еден член во семејства во кои никој не е вработен. Треба да се субвенционираат работодавачите кои предност при вработување им даваат на семејства во кои не работи никој и самохрани родители, под услов дека станува збор за постојан работен однос“, додава таа.

Фото: Freepik