Црна Гора: 530 евра просечна нето плата во мај

34

Просечната месечна нето плата во Црна Гора во мај оваа година изнесуваше 530 евра, додека бруто платата имаше износ од 792 евра, објави Управата за статистика, Монстат.

Просечната нето плата во мај се зголеми за 0,2% во однос на април, додека во однос на мај минатата година има раст од 2,3%, пренесуваат црногорските медиуми.

Доколку се има предвид дека потрошувачките цени во мај оваа година пораснале за 0,3% на месечно ниво, произлегува дека реалната плата во истиот период има пад од 0,1%.

Фото: Pexels