Црна Гора: Досега 31 барање за економско државјанство

42

Агенцијата за инвестиции на Црна Гора досега поднела 31 апликација за упис во Книгата на државјани преку програмата за економско државјанство. Десетина апликации ги поминаа сите безбедносни проверки и се во завршна фаза кај Министерството за внатрешни работи, пренесуваат тамошните медиуми.

Одлуката за економско државјанство стапи на сила од први јануари минатата година.

“Досега не е доделен ниту еден црногорски пасош, земајќи ја предвид епидемиолошката ситуација, којашто како последица имаше затворање на границите“, велат од Агенцијата за инвестиции.

Процедурата за обработка на барањата, меѓу останатото, значи проверка дали се исполнети условите од Одлуката за критериум, начините и постапката за избор на лица кои можат да добијат црногорско државјанство преку реализација на посебна програма за инвестиции што се од посебно значење за економијата на земјата.

Фото: Freepik