Црна Гора: Фарма плаќа три евра на час за тимарење и разговор со магариња

115

magare-pixabay

Фото: Pixabay

Фарма за магариња во Подгорица отвори работно место за лица кои во текот на работните денови ќе доаѓаат да ги галат, тимарат и да разговараат со животните. Како што пишува српски Блиц, двајца студенти секој работен ден, кога е убаво времето, ќе доаѓаат на фармата Мартиниќи и ќе поминуваат по два часа со магарињата.

“Ги одбрав токму нив, девојка од 23 години, која свири гитара и момче од 25 години, кое се занимава со цртање. Студенти се, ги сакаат животните и сакаат да се дружат со нив. Од нивните писма се забележува љубовта кон природата, како и желбата да се грижат за магарињата не поради заработката, туку затоа што сакаат да го прават тоа. Интересно е што се јавија голем број за да помогнат и да бидат волонтери, но тоа не беше мојата желба. Тие ќе го посветат своето време и за тоа треба да бидат платени“, вели Дарко Савељиќ, сопственик на фармата, што е сместена 15 километри од Подгорица.

Посебни услови за добивање на оваа работа, како што се наведува во огласот, беа кандидатот: да сака животни, да биде толерантен и психички стабилен.