Црна Гора ја добива првата фарма за магариња

28

magare

Црногорскиот орнитолог Дарко Савељиќ ја основаше првата фарма за магариња во Црна Гора, со цел да ги зачува овие животни, но и да произведува млеко од нив, пишува порталот Seebiz.

Савељиќ преку оглас бара да му се јават сопственици на магариња кои овие животни сè уште ги чуваат како полу диви, заради нивен откуп.

Се проценува дека во Црна Гора има околу стотина магариња, иако во минатото во оваа земја не можел да се замисли животот без нив.

Сопственикот на фармата веќе има неколку магариња од кои молзе млеко, за кое има голема побарувачка на пазарот и е прилично скапо, бидејќи има силна терапевтска функција во медицината.

Во Хрватска веќе има неколку фарми на магариња.