Црна Гора ја откажува програмата што и беше адут за инвестиции

56

Црногорската влада нема да ја продолжи програмата врз основа на која може да се добие економско државјанство, која истекува на 31 декември 2021 година, за да не го попречува патот на Црна Гора кон Европската унија, пишува весникот Дан.

Поддршката за програмите за економско државјанство е спротивна на принципите на Европската унија, наведува црногорската влада во својата одлука.

Затоа, се заклучува дека понатамошната поддршка за таквата програма може да го комплицира и забави процесот на пристапување на Црна Гора во Европската унија, се вели во одлуката, истакнувајќи дека Црна Гора, како земја-кандидат, не смее да си дозволи да ја компромитира својата обврска за Европска интеграција.

Фото: Pixabay