Црна Гора планира од 18-ти мај да дозволи отворање на плажите долж крајбрежјето со посебни мерки за санитарна и здравствена безбедност, јавува RTCG.
Надлежните подготвуваат и апликација што наскоро ќе биде достапна за сите, а ќе ги содржи сите важни податоци за covid free плажи, како и останати параметри што се неопходни за безбеден одмор.
“Овие денови ќе ја претставиме апликација изработена по најнова технологија за таа област. Ќе опфати повеќе од 500 плажи во Црна Гора со снимки од скоро сите аголи и со ознаки прилагодени на актуелната ситуација: covid free. Исто така, апликацијата ќе содржи и податоци за санитарните услови, безбедност, температура, квалитет на морската вода и ќе пружи можности за резервација на места или некои други услуги што ги нудат тие локации“, вели Ивана Лазовиќ, портпаролка на Јавното претпријатие Морско добро на Црна Гора.
Фото: Pixabay