Владата на Црна Гора усвои Акционен план за борба против сивата економија кој предвидува и блокирање на нелегални сајтови за трговија, но во Министерството за финансии велат дека немаат анализа за нивната бројност, ниту колку губи државата од нив. Тоа ќе го утврдуваат во од, јавува РТЦГ.
“Со цел поефикасна борба против сивата економија, оценето е дека постојат причини да се испита законитоста на работењето во согласност со прописите за електронска трговија, даночни прописи и Законот за спречување на нелегално работење. Тоа е ставено во Акциониот план, иако сè уште не е внесена проценката на можни неправилности и приходи кои евентуално се губат преку ваквото работење”, велат од Министерството за финансии.
Од министерството немаат прецизен одговор кога ќе почнат со блокадата.