Црна Гора меѓу најатрактивни елитни дестинации во светот

26

Фото: Pixabay

Црна Гора е 15-та најатрактивна дестинација за луксузни патувања, според Business insider India. Земјата се најде во друштво на: Оман, Франција, Велика Британија, Индија, Чиле, Турција, Сејшелите, Мјанмар, Руанда, Бутан, Колумбија, Исланд, Јапонија и Египет.

Црна Гора е дел од луксузната понуда на дестинации коишто се наменети за луѓе со малку подлабок џеб.

“Помалку позната од соседните Хрватска и Грција, ова парче од Јадранското крајбрежје, Црна Гора, претходно немаше луксузно сместување, освен синџирот на хотели Aman. Но, со новоотворениот хотел Lustica Bay и најавата за отворање на првиот европски ресорт One & Only, Црна Гора се позиционира на мапата на елитни туристички дестинации“, вели Том Барбер, соосновач на компанијата Original travel.

Претходно и магазинот Forbes ја претстави Црна Гора, како прекрасна, а достапна дестинација за патување, препорачувајќи ја на Американците кои водат сметка за буџетот наменет за патување.