Црна Гора може да добие пола милијарда евра европски пари

54

Црна Гора може да очекува да добие околу 5% од деветте милијарди евра од Инвестиционата рамка на Европската комисија за Западен Балкан, што е околу 450 до 500 милиони евра, пренесуваат црногорските медиуми.

Сè ќе зависи од квалитетот на проектите што ќе бидат предложени, а ЕУ од Црна Гора ќе побара проектите да бидат неопходни, исплатливи, одржливи и еколошки прифатливи.

Црна Гора во изминатите 10 години, од околу 7,5 милијарди евра поделени грантови и поволни кредити за земјите од регионот, доби околу 410 милиони евра.

Фото: Freepik