Црна Гора: Највисоката плата минатиот месец изнесувала 12,8 илјади евра

23

Во Црна Гора 10 луѓе годинава примиле плата повисока од 10 илјади евра (нето), односно над 14,9 илјади евра (бруто), пишува Bankar.me

Според извештајот на даночната управа на Подгорица, се разгледувале работни позиции во секторите градежни проекти, изградба на патишта и автопати, трговија на мало со моторни говрива во специјализирани продавници. трговија на големо со цврсти, течни и гасовити горива, изградба на станбени и нестанбени згради и финансиски услуги, освен осигурување.

Просечната јунска плата била 510 евра. Вкупно 32.950 вработени примиле плата над тој износ, додека плата под просекот добиле 86.529 работнци.

Највисок нето износ бил исплатен минатиот месец 12.793 евра и тоа во секторот градежни проекти.

Минималаната заработка била 192 евра и следувала на 7.145 вработени.