Просторниот план за крајбрежното подрачје, чија изработка ја нарача владата на Црна Гора, ќе донесе низа измени кои првенствено ќе го намалат планираното градежно подрачје на Приморјето, но и ќе ги зголеми инвестициите и вкупната туристичка потрошувачка.
Планот ја опфаќа територијата на општините Херцег Нови, Котор, Тиват, Будва, Бар и Улцињ, со исклучок на просторите на национални паркови и морскиот појас до надворешната граница на територијалното море и се однесува за периодот до 2030 година.
“Прв пат во планскиот документ што го третира крајбрежното подрачје е зацртана линија од 100 метри до која не е дозволено да се градат објекти во тесниот крајбрежен појас. Освен тоа, Планот пропишува во поширокиот појас од 1.000 метри во издвоени градежни подрачја, не е дозволено градење на нови станбени објекти, туку исклучиво градење со цел на туристичка и економска дејност”, велат од Министерството за одржлив развој и туризам за Дневне новине.
Главните стратешки цели на Планот меѓу останатото е подобрување на структурата и квалитетот на сместувањето, нови вработувања и зголемување на инвестициите и вкупната туристичка потрошувачка.
Сопствениците на земјиштата кои во претходниот период стекнале право да градат и добиле градежни дозволи, можат и понатаму да градат.