Црна Гора очекува 80% од гостите да бидат од регионот

42

Црна Гора е подготвена за претстојната туристичка сезона и очекува годинава да оствари 65% од приходите во 2019 година.

Се смета дека 80% од гостите ќе бидат од регионот, а еден од условите за тоа е задржување на стабилната епидемиолошка ситуација, за да биде препознаена Црна Гора како одговорна и безбедна дестинација.

“Туризмот закрепнува можеби и побрзо од очекуваното од пред неколку месеци. Потребата и желбата за патување го надминува стравот, а во контекст на одговорниот однос, очекуваме поголем број туристи. Уверени сме дека проектираните проценти за 2021 година ќе бидат остварливи“, вели генералната директорка за развојна политика во туризмот во Министерството за економија, Александра Гардашевиќ Славуљица.

Во прилог на тоа одат отворените граници и влезот во Црна Гора без никаков услов за државјани на ЕУ, регионот, Русија, Белорусија, Украина, Швајцарија и други земји.

Фото: Freepik