Црна Гора: Просечна плата во мај 832 евра

19

Просечната плата (бруто) во Црна Гора во мај 2024 година изнесува 1.042 евра, додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) е 832 евра, објави Управата за статистика МОНСТАТ.

Од МОНСТАТ објаснуваат дека просечната (нето) плата во мај во однос на април бележи раст од 0,5 отсто, додека просечната (нето) плата во мај 2024 година во однос на истиот месец од претходната година бележи раст од 4,9 отсто.

„Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во мај во однос на април бележат пораст од 0,1 отсто, произлегува дека реалната заработка за истиот период бележи пораст од 0,4 отсто“, наведуваат од МОНСТАТ.