Црна Гора за шест години потрошила 54 милиони евра за увоз на вода

15

Црна Гора увезла вода вредна 54 милиони евра за шест години, иако самата има извори што се на самиот врв во Европа според квалитетот на водата, пишува Dnevne novine.

Убедливо најмногу вода е увезена од Србија. Само во 2020 година за увоз на негазирана вода потрошени се 1,6 милиони евра, а 4,1 милион евра за газирана вода од Србија, наведува весникот, повикувајќи се на Заводот за статистика на Црна Гора (Монстат).

Во 2020 година, Црна Гора увезла вкупно 8.930 тони негазирана вода, 5.730 тони или 39,1% помалку од претходната година или за 1,2 милиони евра (38,9%) помалку од 2019 година.

Во исто време, има пад на увозот на газирана вода за 12.332 тони (39,4%) или помалку за 3,3 милиони евра (42,8%).

Во Црна Гора има седум фaбрики за флаширање вода, а тоа како што пренесува весникот, значи дека оваа земја може да биде значаен извозник на овој ресурс.

Зоран Ракочевиќ, сопственик на извор вели дека според изобилството на вода за пиење и дека тоа претставува исклучителен потенцијал за извоз.

“Според мое мислење, Црна Гора може да извезува од 350 до 400 милиони литри вода годишно“, посочи тој.

Фото: Pixabay