Црни прогнози: Светот го очекува најдлабока рецесија од Втората светска војна

78

Пандемијата на коронавирусот и мерките преземени од страна на државите за нејзино сузбивање, ќе доведат на крајот на 2020 година до најголем пад на светската економија од Втората светска војна, нагласува Светската банка (СБ) во најновиот извештај.

Според прогнозите на СБ, оваа година ќе дојде до пад на глобалниот раст за 5,2% што би претставувало најдлабока рецесија од Втората светска војна.

Повеќето економии ќе доживеат најголем пад на производството по глава на жител од 1870 година, соопшти СБ.

Најтешко погодени се оние држави кои во голема мерка се потпираат на глобалната економија, туризам, извозот на стоки и надворешното финансирање, се додава во извештајот.

Силата на ударот ќе варира од регион до регион, но сите нови пазари и економиите во развој имаат зголемена ранливост, предупредува СБ.

Фото: Pixabay