Црногорските банки ја преполовија добивката во 2020 година

57

Комерцијалните банки во Црна Гора, според прелиминарните резултати, оствариле добивка од 22,7 милиони евра на крајот на минатата година, што за повеќе од половина помалку во споредба со крајот на 2019 година, кога добивката била 48,6 милиони евра, пренесува Vijesti.me.

На црногорскиот пазар до декември 2020 година биле активни 13 банки, кога и официјално започна спојувањето на ЦКБ и Подгоричка банка.

“Според прелиминарните месечни податоци за декември, банкарскиот сектор и покрај вонредните усови на работа, е профитабилен, со нето добивка од 22,7 милиони евра на крајот на 2020 година. Негативен финансиски резултат на ниво на системот имаше само една банка во износ од 984.000 евра, што припаѓа во категоријата на помали банки, а нејзината адекватност на капиталот е над 25%. Искажаната добивка на крајот на 2020 година е помала во однос на претходната година за 53% (за 25,9 милиони евра), а е предизвикана од зголемените трошоци за отпис, како и намалување на нето приходите од надоместоци и провизии“, велат од црногорската централна банка.

Депозитите на крајот на декември лани биле 3,37 милијарди евра и во однос на ноември имаат раст од 0,24%, додека во однос на декември 2019 година, кога биле 3,47 милијарди евра, има пад од 2,96%.

Фото: Freepik