ЦТЗ: Црна Гора не може без странски работници

28

sezonski rabotnici

Членови на Црногорското туристичко здружение (ЦТЗ) го повикаа тамошното собрание до ноември оваа година да ја одложи примената на Законот за странци, истакнувајќи дека овој закон веќе го загрози туризмот, градежништвото, земјоделството, трговијата и инвестициите, пишува Танјуг.

Претставниците на ЦТЗ, на вонредна седница, порачаа дека ќе бидат принудени да преземат драстични мерки за покажување на незадоволството, доколку примената на законот не биде одложена, како што предложи и црногорската влада.

“И кога ќе ги вработиме сите Црногорци и тогаш ќе ни бидат потребни странци“, рекол Жарко Радуловиќ, претседател на здружението.  Тој смета дека угостителите во земјата веќе претпреле одредени штети и дека “на ниту едно место во светот нема сличен ваков закон“.

Владата на Црна Гора претходно го прифати предлогот за одложување на примената на овој закон до први ноември, за да се избегнат негативните последици за летната туристичка сезона.

Овој закон предвидува ниту еден странски државјанин да не може да добие работа во Црна Гора, доколку во евиденцијата на Заводот за вработување има домашна работна сила, која ги задоволува бараните услови.