Цукерберг носи бесплатен интернет во Колумбија

19

markzuckerberg

Основачот на најпопуларната социјална мрежа Facebook, Марк Цукерберг, во Колумбија ја претстави бесплатната интернет услуга, во рамки на проектот чија цел е да овозможи пристап до интернет во земјите во развој, пишува Ројтерс.

Колумбија е прва земја во Латинска Америка и четврта земја во светот што ја користи услугата Internet.org, во соработка со локалниот мобилен провајдер Tigo.

Оваа услуга е насочена кон население со ниски приходи и за оние кои живеат во рурални средини, а нуди и различни опции, како што се Wikipedia, страници со временска прогноза, огласи за работа, здравствени информации и Facebook.