ТТК Банка ја прекинува јавната понуда за издавање на корпоративна обврзница

138

ТТК Банка ја прекинува јавната понуда за издавање на долгорочни должнички хартии од вредност – втора емисија на корпоративна обврзница објавена во дневниот весник Вечер на деветти јануари оваа година, поради измени во Проспектот, стои во известувањето доставено до Македонска берза.

Информации за какви било правни постапки (административни, судски и други законски постапки), вклучувајќи ги и потенцијалните постапки или постапките коишто се во тек, за кои издавачот е запознаен, за период од 12 месеци, коишто можат да имаат или во неодамнешното минато имале значајно влијание на финансиската положба или на профитабилноста на издавачот односно на групацијата на издавачот (нивната вредност изнесува најмалку 5% од вредноста на капиталот на друштвото). Против ТТК Банка АД Скопје, како што се наведува, е отпочната судска постапка во вредност од 115.930.295 денари, што изнесува над 5% од капиталот на банката.

ТТК Банка АД Скопје ќе поднесе до Комисијата за хартии од вредност на РСМ барање за соодветни измени во Проспектот во рок од три работни дена од прекинот на јавната понуда.

Воедно, ТТК Банка АД Скопје известува дека постапката за јавна понуда на долгорочни должнички хартии од вредност – втора емисија на корпоративна обврзница ќе продолжи по добивање одобрение од Комисијата за хартии од вредност на РСМ за соодветните измени во Проспектот, за што јавноста ќе биде соодветно известена преку објава во дневниот весник Вечер, на интернет-страницата на ТТК Банка АД Скопје и преку Македонската берза АД Скопје.

Фото: Pexels