ТТК Банка ја проширува деловната мрежа

26

ttk banka

ТТК Банка денеска отвори нов шалтер во полошкиот регион, во oпштината Брвеница, како четврта новоотворена деловна единица оваа година. Преку проширување на деловната мрежа и приближување на производите и услугите до крајните корисници, ТТК Банка продолжува да го унапредува своето работење.

Новиот шалтер во општина Брвеница се наоѓа на улицата Маршал Тито бр.94, во селото Брвеница и ќе работи од понеделник до петок, од 8 до 16 часот.

Корисниците на ТТК Банка ќе добијат брза, ефикасна и професионална услуга при извршување на универзалните банкарски активности: платен промет во земјата и странство, менувачко работење, брз трансфер на пари, кредитирање на физички и правни лица, депозитно работење и друго.

На територијата на Македонија, ТТК Банка ги опслужува своите корисници во 33 деловни единици: седум филијали, 22 експозитури и четири шалтери.

До крајот на годината, Банката дополнително ќе ја проширува деловната мрежа и ќе биде присутна во вкупно 25 општини на територијата на Републиката.