ТТК Банка ќе исплаќа дивиденда од добивката од 2015 година

21

 

ttk-banka-580x399ТТК Банка донесе предлог одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка за 2015 година, којашто е објавена на Македонска берза.

“Нераспределената добивка на ТТК Банка по годишна сметка за 2015 година во износ од 38.128.862 денари, се распределува на дел за резерви од 2.822.142 денари и за дивиденда за обични акции во бруто износ од 35.306.720 денари“, стои во предлог одлуката.

Банката донесе и предлог одлука за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2015 година.

Висината на бруто дивиденда по акција ќе изнесува 38,88885 денари, односно 3,888885% од номиналната вредност на акциите којашто изнесува 1.000 денари.

“Собранието на акционери на ТК Банка ќе се одржи на 14.04.2016 година, а датумот на евиденција според којшто ќе се определи листата на акционери коишто имаат право на дивиденда за 2015 година е 03.05.2016 година“, стои во предлог одлуката.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2015 година е 26.04.2016 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда е 27.04.2016 година. Исплатата на дивиденда за 2015 година ќе започне на 16.05.2016 година. Дивидендата за 2015 година ќе се исплатува во готово.