ТТК Банка ќе исплаќа дивиденда од минатогодишната добивка

19

ttk-banka

ТТК Банка со предлог одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка за 2016 година и предлог одлука за определување на износот на дивидендата и дивиденден календар.

“Нераспределената добивка на ТТК Банка по годишна сметка за 2016 година во износ од 83.680.065 денари се распределува на: дел за резерви од 4.643.138 денари, дивиденда за обични акции во бруто износ од 74.648.494 денари и како нераспределена остануваат 4.388.433 денари“, стои во предлог одлуката.

Висината на бруто дивидендата по акција ќе изнесува 82,22213 денари. Датум на евиденција според којшто се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2016 година е 18.04.2017 година.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2016 година е 11.04.2017 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 12.04.2017 година. Исплатата на дивиденда ќе започне на втори мај, а ќе се исплатува во готово.