ТТК Банка ќе почне со исплата на дивиденда од втори мај

22

 

ttk-banka

ТТК Банка ги известува акционерите дека почнувајќи од втори мај, ќе врши исплата на дивиденда за 2016 година.

Право на исплата на дивиденда за 2016 година имаат сите акционери на ТТК Банка кои се евидентирани во акционерската книга на 18-ти април. Исплатата на дивиденда за 2016 година на правните лица ќе се врши со пренос на средствата на нивните сметки. На физичките лица средствата од дивидендата за 2016 година ќе бидат уплатени на нивните сметки во ТТК Банка или во други банки за кои имаат дадено овластување претходните години.

Физичките лица кои немаат отворено сметки во ТТК Банка ќе треба за исплата на дивидендата да отворат сметка во ТТК Банка или да пополнат барање со податоци во која друга банка да им се префрлат средствата. Барањата за исплата на дивиденда се наоѓаат на шалтерите  во сите експозитури и филијали на ТТК Банка низ Републиката.

Согласно член 77 став 1 од Законот за персонален данок на доход, потврдите за пресметан и платен персонален данок на приход од капитал за дивидендата исплатена во 2017 година ќе бидат доставени до секој акционер. Доколку некои акционери не ја добијат потврдата заради технички причини (промена на адреса и слично), истата може да се подигне во Централата на Банката во Дирекцијата за сметководство.