ТТК Банка: Кредитирање со промотивни поволни услови и во текот на летото

ttk bankaПродолжува промотивната понуда на потрошувачките и станбени кредити на ТТК Банка со исклучително конкурентни каматни стапки и поволности до 30-ти септември, стои во соопштението на банката.

Корисниците имаат можност да аплицираат за ненаменскиот потрошувачки кредит Премиум Смарт достапен за сите приматели на плата во банката со фиксна каматна стапка од 6,1% во првата година, односно 8,3% годишна прилагодлива каматна стапка за останатиот период и рок на отплата до осум години без надоместок за одобрување до 30.09.2016 година.

За рефинансирање на помали износи на кредити или кредитни картички до 100.000 денари или за која било друга намена, достапен е промотивниот Мој кредит со фиксна каматна стапка од 0,5% за целиот период на отплата без жиранти и без надоместок за обработка на барање и администрирање, од сега достапен до 30.09.2016 година.

Промотивната понуда на ТТК Банка и понатаму го вклучува и Супер станбениот кредит со намалена провизија за одобрување, без трошоци за процена и обработка на барање за кредит до 30.09.2016 година. Покрај купување или градба на станбен или деловен простор, средствата може да се искористат и за реновирање, адаптација и реконструкција на станбен простор по исклучително поволни услови со фиксна каматна стапка од 2,95% во првите три години, односно 6,45% годишна прилагодлива каматна стапка за останатиот период, со само 10% сопствено учество.

Без надоместоци, секаде и во секое време достапни за корисниците се мобилната апликација ТТК м-банка и електронското банкарство, како можност за брз, едноставен, постојан и безбеден начин за плаќање и  информирање за сметките, производите и услугите.