ТТК Банка проектира добивка од 84,3 милиони денари на крајот на 2017 година

9

ttk-banka

ТТК Банка планира тековната 2017 година да ја заврши со добивка по оданочување во висина од 84.396.000 денари, покажува планот на билансот на успех за 2017 година, што е составен дел од Развојниот план на банката за периодот 2017 – 2019 година.

“Банката 2017 година очекува да ја заврши со позитивен финансиски резултат пред оданочување во износ 93,7 милиони денари, додека со земање во предвид на данокот на добивка во износ од 9,3 милиони денари, добивката по оданочување за 2017 година изнесува 84,4 милиони денари, како резултат на зголемување на приходите од оперативното работење и рационалното управување со оперативните трошоци“, стои во Развојниот план објавен на Македонска берза.

Претходната 2016 година, според финансиските извештаи објавени на Македонска берза, банката прокнижи вкупна сеопфатна добивка од 83,6 милиони денари.

Во проекцијата, ТТК Банка предвидува нето приходите од камати да бидат на ниво од 266.651.000 денари или 1% повеќе во однос на 2016 година.