ТТК Банка со пониски каматни стапки за Премиум СМАРТ и Премиум ВИП кредитите

13

Следејќи ги потребите на корисниците, а во согласност со пазарните услови ТТК Банка АД Скопје понуди пониски променливи каматни стапки за потрошувачките кредити Премиум СМАРТ и Премиум ВИП, се вели во соопштението на банката.

Од 30.4.2018 година примателите на плата и пензија во ТТК Банка имаат можност да аплицираат за  ненаменските потрошувачки денарски кредити со поповолни каматни услови, односно 5,5% годишна фиксна каматна стапка за првата година и намалена променлива каматна стапка 7,9% годишно за Премиум СМАРТ и 7,5% годишно за Премиум ВИП за останатиот период од отплатата.

Во промотивниот период до 30.6.2018 година, производите се достапни со намалена провизија за одобрување.