Тура низ најскапата куќа што е на продажба во Америка

91

3

Во мај на продажба беше ставена резиденција во Конектикат за цена од неверојатни 190 милиони долари, со што веднаш стана најскапиот дом што се продава на американскиот континент.

Имотот од 50 акри кој датира од далечните 1890 – ти во моментов е во сопственост на дрвниот магнат Џон Руди.

Куќата има 1.400 метри квадратни простор за живеење, 650 метри квадратни подрумски и тавански простории и 550 метри долга патека за автомобили. Но, тоа не е се. Освен 12 соби, најскапиот имот во Америка има и тениско игралиште на трева, прекрасни градини, овоштарник со јаболки, стакленик и базен долг 22 метри со вградено греење.

И покрај цената, овој имот има и маани. Освен што е потребно реновирање на ентериерот, има и стара инсталиција и стари цевки кои на времето се користеле за комуникација.

Овој мал замок е познат и како Copper Beach Farm.

1

2

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13