Турци ќе градат 1.000 фарми за кози и овци во БиХ

38

kozi

Претседателот на Здружението на одгледувачи кози и овци Тор Мостар, Џевад Ковач и претставник на турската компанија Милкса, Ајбар Улуча, вчера во Сараево потпишаа договор за имплементација на проект за изградба на 1.000 фарми за кози и овци во БиХ, пишува klix.ba.

Подготовката на проектот траела една година, а неговата имплементација треба да започне веднаш.

Според турскиот претставник, со овој проект ќе се отворат 7.500 работни места, а очекуваниот извоз на млеко и месо е околу 256 милиони евра годишно. Целта им е, вели Улуча, БиХ да стане позната во овој сектор во целиот свет и додава дека планираат во иднина да направат фабрика за преработка на млеко.