Турци нудат 7,1 милиони евра за пристаништето Бар

23

barТурската компанија Глобал Портс од Истанбул понуди 7,1 милиони евра за мнозинскиот пакет акции на Контејнерски терминал на пристаништето Бар (КТГТ).

Понудата на оваа турска компанија за 62,1% акции била единствената доставена понуда, соопшти Тендерската комисија за приватизација на владата на Црна Гора.

Глобал Портс понудил и реализација на инвестициска програма во која е вклучено вложување во изградба на инфраструктура во износ од два милиони евра и вложување во потребна опрема во износ од 11,5 милиони евра во период од три години.

Глобал Портс е единствена група и оператор со пристаништа во Турција. Во моментов управува со три водечки комерцијални и крузинг пристаништа, од кои едно се занимава со контејнерски терминал.

Владата на Црна Гора претходно одлучи да го приватизира КТГТ, односно да ги продаде државните акции во компанијата и да одобри концесија за користење на пристаништето Бар, за да се развие овој сектор и да се произведат дополнителни економски активности.