Турција го зголемува извозот на калинки во светот

57

Турција минатата година извезла калинки во 75 земји во светот. Извозот на ова овошје е зголемен за 29% во однос на 2019 година, додека девизниот прилив изнесува околу 126 милиони долари, пренесуваат тамошните медиуми.

Најголем дел од турските калинки беа наменети за рускиот пазар, каде увозот достигна 44,5 милиони долари. Потоа следи Германија со 15,2 милиони долари.

Украина, Велика Британија, Португалија, Брунеи, Брегот на слоновата коска, Џибути, Нигерија, Того и Мавританија се меѓу земјите коишто најмногу увезуваат калинки од Турција.

Фото: Freepik