Турција им е омилена на Украинците

39

Турција беше изборот број еден за туристи од Украина во 2020 година, во услови на пандемија, пренесува Daily Sabah.

Според податоците, 750.000 Украинци лани патувале во странство, а 560.000 од нив ја избрале Турција.

Најголем дел од гостите од Украина ја посетиле Анталија, бидејќи на средината на минатата година е прогласена за безбедна дестинација за летување.

Турција преку повеќе институции ја спроведе програмата за стекнување сертификат за безбеден туризам на сите оние дестинации коишто ги исполнуваа критериумите и стандардите во услови на пандемија. Благодарение на оваа програма, Турција минатата година ја посетиле околу 3,5 милиони туристи.

Пандемијата предизвика сериозни последици во туристичкиот сектор во Турција, а тоа се отсликува со бројка од 12 милијарди долари по основ на приходи, коишто се за 65% пониски во споредба со 2019 година.

Фото: Freepik