Турција им забранува на работодавците да отпуштаат работници

47

Турските власти веќе плаќаат 60% од платите на вработените во фирмите што се погодени од пандемијата, а најавени се и нови мерки за помош.

Владата на Турција им забрани на работодавците да отпуштаат работници во екот на глобалната пандемија од Ковид-19.

Министерката за труд, социјална политика и семејства на Турција, Зехра Зумрут Селчук, соопшти дека работодавците во рок од три месеци не можат да раскинат договори за работа, освен во пропишани ретки случаи, пренесува агенцијата Анадолија.

Таа, исто така, соопшти дека турската влада ќе плати и до 39,24 лири (5,7 долари) дневно на сите работници кои се испратени на неплатен одмор и тоа за период од три месеци.

Најави и дека ресорното министерство ќе ги сноси трошоците за сите стари и немоќни лица во приватни старечки домови и центри за нега.

Фото: Pixabay