Турција ќе издава обврзници за да привлече 2.200 тони злато од населението

119

burmi-pexels

Фото: Pexels

Турското Министерство за финансии ќе издаде два вида на обврзници, чија цел ќе биде привлекување на 2.200 тони злато што населението го чува во домовите, а има пазарна вредност од околу 71,9 милијарди евра, пишува Хуријет.

“Првата емисија за издавање златни обврзници и сертификати за изнајмување злато ќе започне меѓу втори и шести октомври, во обид економијата да го придобие златото на граѓаните што се проценува на околу 2.200 тони“, изјави турскиот вицепремиер, Мехмет Шимшек.

Банкарски експерти ќе направат проценка на златото на граѓаните и ќе им дадат обврзници со еквивалентна вредност. Откако ќе достасаат обврзниците, златото ќе им биде вратено на граѓаните кои ќе заработат од промената на цената на овој благороден метал.

Продажбата на овие обврзници ќе започне во Истанбул, а потоа се очекува да се прошири и на останатите провинции во Турција.