Турција лани извезла автобуси вредни над 11 милијарди долари во 99 земји

59

Автобуси со различна големина, произведени во Турција, минатата година се извезени во 99 земји во светот, пренесуваат тамошните медиуми. Од овој извоз, земјата заработи над 11 милијарди долари.

Во текот на минатата година, најголем дел од извозот на автобусите беше наменет за европските земји. Најголем удел има Франција со околу 18% или купени турски автобуси во вредност од 286,7 милиони долари.

Германија е втор најголем увозник на автобуси произведени во Турција со 264,7 милиони долари, додека на трето место е Италија со 131,9 милиони долари.

Четврт најголем пазар за турските автобуси беше Мароко, каде што се извезени автобуси во вредност од 75,2 милиони долари или 66% повеќе во споредба со 2019 година.

Потоа следуваат и: Грузија (51,9 милиони долари), Шведска (37,9 милиони долари), Саудиска Арабија (22,3 милиони долари), Египет (13,6 милиони долари). Турски автобуси за првпат во 2020 година увезле и: Либија, Руанда, Уругвај, Мадагаскар, Конго, Малезија и Гвинеја.

Фото: Freepik