Турција наесен почнува со производство на Sputnik V

15

Турција ќе почне со производство на руската вакцина Sputnik V наесен, најави турскиот професор Исмаил Балак, во изјава за весникот Туркгун. Балак посочи дека целото производство на рускиот препарат против Ковид-19 ќе се врши во Турција.

“Производството на вакцината е исклучително важно од гледна точка на намалување на нашата зависност од увоз од други земји“, рече тој, додавајќи дека постои фабрика во Турција, во која условите за производство на препаратот се идеални.

Поради оваа причина, вакцината ќе може да се произведува под сите безбедносни услови. Балак истакна дека кога биле аплицирани две дози од Sputnik V, лицата биле заштитени 97,6% од Ковид-19.

Договорите за набавка и заедничко производство на Sputnik V беа склучени пред неколку месеци. На 26 април беше објавено дека турската фармацевтска компанија Вискоран ќе ја произведува руската вакцина Sputnik V во своите погони.

Фото: Pixabay