Турција најголем извозник на баклава во светот

226

baklava 5

Турција во последните пет години е најголем извозник на еден од највкусните традиционални десерти – баклавата. Од извозот во 63 земји во светот, Турција инкасираше 17,5 милиони долари, пишува порталот Trthaber.com.

Според податоците на турскиот завод за статистика (TUIK), земјата во период од 2010 до 2014 година извезла 564 тони баклава, чија вредност е 17,5 милиони долари.

baklava-4

Најголем дел од баклавата завршува на пазарот во САД, 330 тони со вредност од 3,5 милиони долари. Потоа следи Германија, којашто од Турција направи увоз на баклава во вредност од 1,3 милиони долари. По нив следат Обединетите Арапски Емирати, Швајцарија, Саудиска Арабија, Австралија, Ирак, Белгија, Франција…

Претседателот на Здружението на производители на баклава и слатки (BAKTAD), Мехмет Јилдирим, рекол дека во Турција годишно се произведуваат 950 тони баклава, а просечната потрошувачка во земјата по глава жител е 4,4 килограми.

Baklava-Levanacooks