Турција нема да бара ПЦР-тестови за посетителите од 16 држави

156

Турските власти објавија дека посетителите од 16 држави и региони нема да мораат да приложат ПЦР тест за патување во Турција, јави турската агенција Анадолија.

Министерство за здравство на Турција објави дека на листата на земји и региони се наоѓаат Хонгконг, Кина, Тајван, Виетнам, Австралија, Нов Зеланд, Сингапур, Тајланд, Јужна Кореја, Израел, Јапонија, Велика Британија, Латвија, Луксембург, Украина и Естонија.

Оваа одлука ќе стапи на сила од 15 мај.

Фото: Pixabay