Турција од извоз на чај за два месеци инкасира над три милиони долари

26

Извозот на турски чај во првите два месеци од оваа година достигна вредност од 3.133.000 долари.

Според податоците на Здружението на извозници на црноморскиот регион, 785 тони чај се извезени во 72 земји во светот во јануари и февруари оваа година.

Белгија, Германија и САД се земјите коишто најмногу го увезувале турскиот чај во првите два месеци од 2021 година.

За разлика од минатата, оваа година турскиот чај се извезувал и во Австрија, Либан, Романија, Уганда, Монголија, Хрватска, Нов Зеланд, Бахреин, Шпанија, Србија, Панама, Бахами…