Турција останува силен сојузник на земјава и во услови на глобална криза

39

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан во насока на задржување на комуникацијата со Република Турција во новонастанатата ситуација со коронавирусот оствари телефонски разговор со министерката за трговија на Република Турција, Рухсар Пекџан со цел негување на традиционално добрите односи помеѓу двете земји.

При разговорот беше констатирано дека пандемијата довела до промени во функционирањето на системот, но соработката помеѓу двете земји треба да остане врвна како и до сега. Беше заклучено дека заеднички ќе се работи на решавањето на тековните проблеми и се разговараше  за потребата од медицинска опрема, маски, ракавици, респиратори и за нивното снабдување. Беше искажана взаемна поддршка и солидарност од двете страни и волја за продолжување на соработката.

Традиционално добрите пријателски односи помеѓу Република Турција и Република Северна Македонија продолжуваат и за време на глобалната криза. Република Турција останува силен сојузник и поддршка на нашата земја.

Фото: Pixabay