Турција оствари најголем априлски извоз во историјата

74

Министерот за трговија на Турција, Мехмет Мус, рече дека земјата остварила извоз вреден 18,8 милијарди долари во април годинава, што претставува раст од 109% и воедно е најголем априлски извоз во историјата, јавува aгенцијата Анадолија.

Мус изјави дека Турција успеала да постигне голем пораст на извозот во април и дека турскиот извоз се искачи над нивото на кое беше пред пандемијата Ковид-19.

“Во споредба со податоците од 2019 година, во април постигнавме зголемување на извозот за 22,3%. Така го зголемивме извозот над нивото на пред пандемијата “, рече Мус.

Турција во април оствари увоз и 21,9 милијарди долари, што е за 61,4 % повеќе од април минатата година.

“Дефицитот на надворешната трговија на Турција во април беше намален за 31,9% во споредба со дефицитот во април 2020 година, односно беше намален од 4,6 милијарди на 3,1 милијарди долари“, рече Мус. 

Фото: Pixabay