Турција оствари најголем февруарски извоз во историјата

51

Министерката за трговија, Рухсар Пекчан соопшти дека Турција има најголем извоз во историјата во февруари оваа година, пренесе Анадолија.

“Во февруари постигнавме раст на извозот од 9,6% во споредба со истиот месец лани. Извозот во февруари изнесува 16 милијарди долари“, рече Пекчан.

Таа истакна дека земјата во првите два месеца од годинава ја зголемила покриеноста на увозот со извозот од 79,5 на 82,9%.

Фото: Pixabay