Во источната провинција Агри во Турција се пронајдени големи резерви на злато од 20 тони во вредност од 1,2 милијарди долари, јавуваат од министерството за индустрија и технологија на земјата.
Во исто време, откриени се околу 3,5 милиони тони сребро, во вредност од 2,8 милиони долари, во истиот регион.
Турската рударска компанија Koza Altin отвори нова постројка од 160 милиони долари, вработува 500 лица и овозможува индиректна работа за 2.000 лица. Се очекува да почне со експлоатација на злато во последното тримесечје од 2022-ра година.
Фото: Pixabay











